СДСМ: Мицкоски да организира отворени денови во Белиот дворец

Од:

Христијан Мицкоски толку се соживеа со улогата на шпицен градоначалник, што сега најавува отворени денови во општините раководени од ВМРО-ДПМНЕ. Општините и по Законот за локална самоуправа треба да бидат постојано отворени за граѓаните, но тоа не важи за ВМРО-ДПМНЕ велат од СДСМ.

– Мицкоски треба да организира отворени денови во Белиот дворец, во нелегално стекнатата палата на криминалот. Таму граѓаните да можат да го видат скапиот паркет од 75.000 евра, вазните, лустерите од стотици илјади евра но може и да даваат идеи за тоа како би се искористила луксузната зграда откако ќе биде запленета од државата, затоа што е нелегално стекната и тоа е потврдено со судска пресуда. За други идеи Мицкоски нема кредибилитет да зборува, општините кои ги води ВМРО-ДПМНЕ, хаосот во главниот град, Скопје покажува колку шпицниот градоначачлник заедно со сите негови градоначалници се неспособни се вели во соопштението од СДСМ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Младеновска: Клековски и Мицкоски не менаџираат со здравствената кризи

СДСМ: Осум недели молк за водата во Гостивар – што се крие?

СДСМ: Мицкоски е уплашен од незадоволство на лозарите – во полиција е повикан наш советник за објава на Фејсбук

(ВИДЕО) Цветановски: Мицкоски призна дека ја носи Македонија кон 12 милијарди евра долг

СДСМ: Се зголеми бројот на заболени од западнонилска треска – 56 случаи, 7 починати

Горан Наумовски

Мицкоски: СДСМ покажа непознавање за економијата – освен арамилук друго не им е во политичката матрица

А1он