Патниците во авиони во Европската унија од следната година ќе можат целосно да ги користат своите телефони за време на летот, јавува Би-Би-Си.
Европската комисија одлучи дека авиокомпаниите можат да нудат 5G технологија во авиони, со побавно користење на мобилни податоци. Тоа значи дека патниците веќе нема да мораат да го ставаат телефонот во авионски режим за време на летот, иако се уште е нејасно како ќе се спроведе оваа одлука, посочува Би-би-си.
Крајниот рок за членовите да направат достапна 5G е поставена до 30 јуни следната година. Тоа значи дека патниците ќе можат да ги користат сите функции на својот телефон за време на летот, како повици, но и апликации за стриминг музика и видео.
Тиери Бретон, комесар за внатрешен пазар на ЕУ, рече дека планот „ќе им овозможи на луѓето пристап до иновативни услуги“ и ќе им помогне на европските компании да растат економски. „Небото повеќе не е граница кога станува збор за можностите што ги нуди супербрзата поврзаност со висок капацитет“, рече тој, како што пренесува Би-би-си.
Даи Витингем, извршен директор на британскиот Одбор за безбедност на воздухопловството, рече дека ставањето мобилни телефони во авионски режим претходно било важно поради недоволното знаење за влијанието на мобилните телефони врз авионите. Тој додаде дека мрежата 5G во Европа работи на фреквенции кои не ги попречуваат летовите.