Лава тече од вулканот Мауна Лоа на Хаваите, кој е најголемиот активен вулкан во светот и чија ерупција започна на почетокот на неделата, се поблиску до главниот автопат на Големиот остров.
Опсерваторијата за вулкани на Хаваите денеска соопшти дека предниот дел на лавата е на 5,2 километри од автопатот и дека таа би можела да стигне до патот во следните седум дена.
Graban de cerca el flujo de lava del volcán Mauna Loa en Hawái
Los flujos de lava del volcán Mauna Loa de Hawái fueron captados por un grupo de periodistas que fueron llevados a cientos de metros de la erupción. Mauna es catalogado como el volcán activo más grande del mundo y pic.twitter.com/1Eszyf3Cxf
— Javier Gutiérrez (@wayka01) December 2, 2022
Американскиот геолошки институт (USGS) соопшти дека непредвидливиот проток на лава го отежнува предвидувањето кога или дали ќе влијае на автопатот. Надлежните предупредуваат дека доколку главниот автопат се прекине, сообраќајот ќе биде пренасочен на крајбрежните патишта, кои би биле преоптоварени.
По првичната ерупција, лавата многу брзо се движела по падината на вулканот, но сега се движи многу бавно со 40 метри на час.
Вулканот Мауна Лоа е висок 4.169 метри и е дел од синџирот на вулкани кои ги формирале Хавајските острови. Последната ерупција е забележана во 1984 година.