Германија подготвува испорака на стотици генератори во Украина

Од:

Германија подготвува испорака на стотици генератори за Украина, откако украинската енергетска инфраструктура претрпе големи штети како резултат на руските напади во последните недели, јави ДПА.

Федералната агенција за техничка помош денеска соопшти дека досега испорачала речиси 150 генератори, а уште 320 се подготвуваат за испорака.

Дел од сосема новата опрема е испратена директно до украинската компанија „Укренерго“ за да се стабилизира снабдувањето со електрична енергија, соопшти агенцијата.

На овој начин, енергетската компанија може да обезбеди привремено напојување за важни локации.

Се планира да се испорачаат повеќе генератори во регионите Одеса, Миколаев и Херсон. Дел од опремата е погодна за товарење на приколки за автомобили и може да се користи на флексибилен начин.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Руски наредник уби командант и пет војници

Алејник: Украина се обидува да пренесе оружје на територијата на Белорусија за напад

Во напад на украински дронови тешко повредени се шест лица

Украина треба да плаќа 500 милиони долари годишно само за камата

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ

Итна наредба: Зеленски го повикал целиот Генералштаб, можно е да се побара помош од НАТО

Предраг Петровиќ