Австралиска Влада: Успешен e законот кој ги обврзува Мета и Гугл да им плаќаат на медиумите

Од:

Австралискиот закон кој ги обврзува интернет гигантите Мета и Гугл да им плаќаат на медиумите за содржината што ја преземаат е во голема мерка успешен и треба да се прошири на други платформи, се вели во извештајот на австралиската Влада.

Тој закон стапи на сила во март 2021 година, откако Фејсбук накратко престана да објавува вести во Австралија и Владата можеше да преговара со тие платформи за да потпише договор. Сега е можно овој закон да се прошири и на други платформи. Откако тој закон стапи на сила, интернет гигантите склучија повеќе од 30 договори со медиуми и им платија за содржината, објави австралиското Министерство за финансии.

Барем некои од тие договори им овозможија на медиумите да направат нови инвестиции и да ангажираат дополнителни новинари. Според тоа, можеме да констатираме дека Законот до денес е успешен. Законот сега треба да се измени „за да може да се прошири и на други платформи, се вели во извештајот.

– Дигиталните платформи мора да продолжат со добра волја да преговараат со новите компании за да бидат фер платени за содржината што ја создаваат, рече австралискиот помошник-секретар за финансии Стивен Џонс.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Откако се посрамоти, австралиската олимпијка замина во пензија

Предраг Петровиќ

Технички проблем ги парализираше австралиските аеродроми

Едно дете загина, а неколку се повредени во несреќа во Австралија

Горан Наумовски

Мета воведува глобална забрана за РТ и за другите руски државни медиуми

Австралиски воспитувач сексуално злоставувал деца

ВИДЕО: Нов напад со нож во Сиднеј – повредени четворица

Катерина Ѓуровски