Хил: Се надеваме дека Србија ќе разбере дека ова е поинаква Русија и ќе воведе санкции кон Москва

Од:

Амбасадорот на САД во Србија, Кристофер Хил, изјави дека денешна Русија е „поинаква“ од онаа во минатото, дека Европејците и Американците го разбираат тоа и оти се надева дека Србија ќе го разбере тоа и ќе воведе санкции против Москва поради инвазијата врз Украина.

Хил синоќа во програмата „Интервју“ на телевизијата „Инсајдер“ го отфрли тврдењето дека Србија е под „огромен притисок“ затоа што не вовела санкции кон Русија и додаде дека дел од нејзиниот пат кон ЕУ е и усогласувањето на надворешната политика.

„Не верувам дека има огромен притисок врз Србија. На Србија неколкупати учтиво и беше кажано дека треба да воведе санкции, некои беа построги од другите, но постои разбирање дека Србија е во единствена ситуација“, додаде Хил.

На прашањето зошто не е доволно што Владата на Србија јасно ја осуди руската агресија врз Украина и ги потпиша речиси сите резолуции на ОН и ЕУ кои се однесуваат на неа, Хил рече дека тоа е точно, но дека Белград добил репутација дека „се обидува да седне на две столчиња“ – да биде близок и со Русија и со Европа.

Зборувајќи за тоа дека Србија е речиси целосно зависна од Русија кога е во прашање снабдувањето со гас, Хил рече дека треба да се направат напори да се најдат други извори на енергенси.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Вучевиќ: Македонија ќе најде повеќе од партнер во Србија

А1он

Србија ги качи акцизите за гориво, кафе, алкохол

А1он

Вучевиќ ги соопшти имињата на министрите во српската Влада

Земјотрес во Србија

Почина работникот кој беше тешко повреден во експлозија во Лештани

Двајца работници се повредени во пожар во фабрика во Лештани