Израел ќе го депортира палестинскиот адвокат Хамури во Франција

Од:

Владата на Израел денеска соопшти дека на палестинскиот адвокат Салах Хамури му е одземена дозволата за престој во Ерусалим и дека ќе биде депортиран во Франција бидејќи е „активист на забранета милитантна група“.

Хамури е во „административен притвор“ од март, што е механизам на државата Израел да ги држи осомничените затворени со месеци без обвинение.

Израелската министерка за внатрешни работи Ајелет Шакед рече дека Хамури, чиј притвор завршува викендов, ќе биде депортиран што е можно поскоро.

„Според нашите информации, тој е член на Народниот фронт за ослободување на Палестина, група која Израел и САД ја сметаат за терористичка организација“, рече Шакед.

Таа изјави дека е „неприфатливо терористи како Хамури да имаат статус во Израел“.

Францускиот претседател Емануел Макрон претходно изрази загриженост за случајот на Хамури и рече дека „Франција многу внимателно го следи развојот на ситуацијата“ и дека на Хамури „мора да му се дозволи нормален живот во Ерусалим, каде што е роден и каде живее“.

Салах Хамури беше адвокат на групата Адамер, која им помага на палестинските затвореници.

Поради неговото наводно учество во подготовка на убиството на еден рабин, тој помина седум години во притвор, а во 2011 година беше ослободен во размена на затвореници меѓу Израел и милитантната група Хамас.

Минатата година му беше одземена дозволата за престој поради „нарушување на довербата“, а на почетокот на оваа година му беше одреден административен притвор, врз основа на тајни докази до кои Хамури немаше пристап.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Белгија ќе го покрене прашањето за санкции против Израел во ЕУ

Си Џинпинг: Кина го поддржува полноправното членство на Палестина во Обединетите нации

Нетанјаху и забрани на Ал Џезира да емитува програма во Израел

Драма во Малме: Претставничката на Израел на Евровизија предупредена да не го напушта хотелот

Предраг Петровиќ

Нема крај на војната во Газа и по ослободувањето на заложниците тврди израелски функционер

Катерина Ѓуровски

Бајден е под голем притисок за продажбата на оржје на Израел, 90 демократи му напишаа писмо

Катерина Ѓуровски