Вјоса Османи: Интересот на Русија е да го шири своето злонамерно влијание на Западен Балкан

Од:

Претседателката на Косово, Вјоса Османи-Садриу на предавањето на софискиот универзитет „Свети Климент Охридски“ на тема „Стратешки компас на Југоисточна Европа: Стабилизирање на мирот и просперитетот преку евроатлантските интеграции“, рече дека пристапувањето на Западен Балкан кон ЕУ и НАТО не е само во интерес на земјите од регионот, туку дека тоа ќе биде столб на мирот и стабилноста за целиот континент, јави дописникот на МИА од Софија.

Таа посочи дека кога безбедносната архитектура во Европа и пошироко е под закана поради војната во Украина, геостратешки интерес на ЕУ и НАТО е Западен Балкан да биде дел од двата сојуза.

„Со векови беше во интерес на Русија да се осигура дека ќе успеат да го шират своето злонамерно влијание на Западен Балкан. За жал, користејќи една од земјите од нашиот регион како претставник, како врска, рече Османи-Садриу.

Таа додаде дека овој интерес на Русија продолжува и денес. Според неа, Русија не толку конкретно од Косово, туку преку него веруваат дека со напад на она што е постигнатото на Косово, со напад на стабилноста на Западен Балкан, тие ги напаѓаат вредностите и системите на кои се засноваат ЕУ и НАТО.

„Тоа се напади против ЕУ и НАТО бидејќи тие знаат, како и ние, дека дестабилизиран регион на Западен Балкан значи дестабилизирана Европа“, рече претседателката на Косово.

Таа додаде дека „Западен Балкан е секогаш под закана и ако дел од Западен Балкан се затвори во вакуум, тоа нема да биде многу добро“.

Косовската претседателка рече дека евроатлантската оска и блиската соработка меѓу ЕУ и САД се клучот за да се гарантира дека овој простор нема да им се остави на злонамерните актери“. – Тоа е клучот за долгорочна стабилност во нашиот регион и пошироко, рече Вјоса Османи.

Таа посочи и дека Бугарија е стратешки партнер и сојузник на Косово и дека нејзината земја е посветена на продлабочување на билатералната соработка.

„Бугарија докажа дека се залага за слободата и е главен столб на регионалната и евроатлантската соработка, рече косовската претседателка и притоа и се заблагодари на Бугарија за поддршката, „што застана покрај Косово и во тешките и во добрите времиња“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Османи: Србија не може да биде дел од НАТО

Горан Наумовски

Во Приштина средба на Пендаровски со косовската претседателка Османи-Садриу

ВИДЕО: Претседателката на Косово се спореди со холивудската барбика: „Оваа Барби е претседател“

Османи: Косово е успешно благодарение на САД

Османи: Реакциите во Северна Македонија на посетата на Курти се последица на недоразбирање кое бргу ќе се надмине

Османи потврди: Од Приштина е побарано одржување нови избори