Просечна плата во октомври во Црна Гора е 720 евра

Од:

Просечната плата без даноци и придонеси во Црна Гора во октомври, според податоците на Управата за статистика (Монстат), изнесувала 720 евра и е за 0,3 отсто повисока од септември.

Просечната нето плата во октомври е зголемена за 34,8 отсто во однос на истиот месец лани.

Просечната бруто плата во октомври била 891 евро.

„Ако се земе предвид дека потрошувачките цени во октомври во однос на септември пораснале за 1,4 отсто, произлегува дека реалната заработка за истиот период бележи пад од 1,1 отсто“, се наведува во соопштението.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Со плати под просечната, новинарите даруваа крв и го одбележаа Светскиот ден на медиумите – 3 мај

Орце Костов

Вработените во Фондот за здравство најавија генерален штрајк ако не добијат по 2392 денари усогласување на плата

Орце Костов

Полициска рација во просториите на црногорската Агенција за сузбивање на корупцијата

Инцидент во Бар: Со нож го нападнал сопствениот брат, уапсен е за обид за убиство

Во престрелка во Црна Гора е убиен 29-годишен маж

Горан Наумовски

По силниот, уште два помали земјотреси ја погодија Црна Гора: „Силно се почувствува во Никшиќ“

Горан Наумовски