УНИЦЕФ: Повеќе од 8.000 деца во Србија биле изложени на семејно насилство

Од:

Во Србија, во текот на 2021 година, повеќе од 8.000 деца биле изложени на семејно насилство, предупреди денеска мисијата на УНИЦЕФ и оцени дека зголемувањето на бројот на пријавени случаи на врсничко насилство и насилство врз учениците е „добар чекор“ кон решавање на проблемот, пренесе Бета.

Во соопштението тие побараа законска забрана за физичко казнување на децата, наведувајќи дека околу 45 отсто од децата во Србија се „насилно дисциплинирани дома“.

„Како и со сите други форми на насилство, насилството меѓу врсниците е резултат на модели на однесување кои се научени или поддржани во други средини, пред се во семејството, но и во заедницата како целина. Децата често се сведоци или жртви на семејно насилство Од вкупниот број жртви на насилство во семејството во 2021 година, дури 8.146 биле деца“, соопшти УНИЦЕФ.

Oд УНИЦЕФ нагласија дека Владата на Србија ја усвои Стратегијата за спречување и заштита на децата од насилство за периодот 2020-2023 година и ги повикаа властите итно да формираат Работна група за насочување и следење на имплементацијата на Стратегијата со цел систематско справување со проблемот со насилството врз децата.

Би можело да ве интересира

Секое трето дете во земјава живее во сиромаштија

Катерина Ѓуровски

Децата се 70 отсто од жртвите на трговија со луѓе во Македонија

Катерина Ѓуровски

УНИЦЕФ ги повика талибанците да дозволат девојчињата да се вратат на училиште

ВИДЕО: Погодено возило на УНИЦЕФ на влезот на Газа

УНИЦЕФ: Најмалку 17.000 деца во Газа се одвоени од своите семејства

УНИЦЕФ: Убиството на децата во Газа мора да се запре, тие не се цел