(ВИДЕО)„Подгответе се за најлошото“: Најголемиот вулкан во светот продолжува да исфрла лава и до 60 метри

Од:

Хавајците внимателно ја следат ерупцијата на Мауна Лоа, најголемиот вулкан во светот. Лава избива до 60 метри во воздух, а властите ги предупредуваат граѓаните да се подготват за најлошото можно сценарио.

Властите издадоа предупредување до 200.000 жители на Големиот остров на Хаваи да се подготват за најлошото сценарио откако најголемиот активен вулкан во светот, Мауна Лоа, еруптира по 38 години.

Вулканот исфрла лава до 60 метри во воздухот, а целиот остров е покриен со пепел и густ чад. Затоа, на граѓаните им се препорачува да избегнуваат тешки физички активности.

Во моментов, лавата се уште е во повисоките области и не им се заканува на ниските населби, но вулканската активност е динамична и може брзо да го промени својот тек.

Лавата на крајот би можела да се движи надолу, иако може да биде потребно повеќе од една недела за стопената карпа да стигне до населените места.

Настаните се исклучително интересни за туристите поради нивната реткост, но властите постојано ги предупредувале да не се приближуваат кон североисточната страна на вулканот, каде што се развиле три пукнатини низ кои тече лава.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Еруптираше вулкан на Нов Зеланд, откажани авионски летови

ВИДЕО: Силен земјотрес и ерупција на вулкан во Русија

ВИДЕО: Еруптираше еден од најактивните вулкани во светот

ВИДЕО: Вулканот Руанг повторно еруптираше, прогласено е највисоко ниво на тревога

Вулкан еруптираше пет пати за 24 часа: Се прават итни подготовки за евакуација на 10.000 луѓе

Еруптираше вулкан на Исланд, локалното население е евакуирано

Горан Наумовски