Лагард: Инфлацијата во Европа сè уште не го достигнала максимумот

Од:

Претседателката на Европската централна банка (ЕЦБ) Кристин Лагард денеска во Европскиот парламент изјави дека не е убедена дека инфлацијата го достигнала врвот откако ги надминала највисоките регистрирани нивоа во еврозоната.

Лагард, исто така, им соопшти на европратениците дека ЕЦБ не завршила со зголемувањето на каматните стапки со цел да се ублажат ефектите од растот на цените.

Според неа, има преголема неизвесност за да се знае дали инфлацијата, која во октомври изнесуваше 10,6 отсто, наскоро ќе падне во 19-те земји кои го користат еврото.

Кога ќе се погледне што ги зголемува цените, „без разлика дали се работи за храна или производи за широка потрошувачка или енергенси, не ги гледаме компонентите или насоката што би ме натерала да верувам дека го достигнавме врвот на инфлаторните движења и дека инфлацијата наскоро ќе се намали“, рече Лагард.

Тоа, според неа, значи дека ЕЦБ „ќе продолжи да ја скротува инфлацијата со сите алатки со кои располага“, пред се преку зголемување на каматната стапка, додаде таа во обраќањето пред Комитетот за економски и монетарни прашања при Европскиот Парламент.

По третото големо зголемување на каматните стапки во октомври, што беше најбрзиот досега забележан ритам на зголемување, ЕЦБ, рече Лагард, очекува „понатамошно да ги зголеми стапките, до нивото неопходно за да се осигура дека инфлацијата ќе се врати во догледно време на среднорочно проектираниот процент. од два отсто“.

ЕЦБ им се придружи на Федералните резерви на САД и другите централни банки низ светот во брзото зголемување на каматните стапки за да ја ограничи инфлацијата што дивее додека глобалната економија прво закрепнуваше од пандемијата на „Ковид-19“, а потоа се влоши од руската инвазија на Украина.

Централните банки ризикуваат да ги втурнат националните економии во рецесија додека светот се бори со енергетска криза, зголемување на цените на храната и слабеење на валутите во однос на доларот.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Лавров: Ефектот на „вакцината“ против нацистичкиот „вирус“ на Запад е значително ослабен

Аракчи најави можност за почеток на преговори меѓу Иран и Европа

Економскиот раст годинава 2,3%, инфлацијата 3,5% проектира Народна банка

Трамп: Европа ќе плати висока цена за недоволниот увоз на производи од САД

ВМРО-ДПМНЕ: СДС на патот на Македонија кон Брисел испорача само селфи и лаги

Едно од најголемите вселенски летала на НАСА тргнува на патување од 2,9 милијарди километри

Предраг Петровиќ