ВИДЕО: Трет голем протест на опозицијата во Подгорица

Од:

Во Подгорица вечерва се одржува третиот протест на опозицијата, предводен од Демократската партија на социјалистите на Мило Ѓукановиќ, против Законот за претседател.

Протестот наречен „Не има“ почна пред зградата на црногорскиот Парламент.

Граѓаните собрани пред Собранието носат транспаренти на кои пишува: „Почни да се грижиш затоа што и тебе те засега“, „Не те даваме Црна Горо“, „Со овие луѓе ти немаш ништо, одамна те продадоа“, „Не има! Не го даваме Уставот! Сакаме избори!“.

На собирот присуствуваат потпретседателите на ДПС Јевто Ераковиќ и Абаз Диздаревиќ, како и генералниот секретар на партијата Александар Богдановиќ.

Насобраните, покрај црногорски знамиња, носат и знамиња на САД, ЕУ и Украина.

Тие бараат повлекување на, како што велат, „срамните измени на Законот за претседател“, кои, сметаат, претставуваат своевиден уставен удар.
Исто така, бараат деблокирање на државните институции и распишување вонредни парламентарни избори.

Би можело да ве интересира

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

Двајца бугарски државјани уапсени во Црна Гора за обид за убиство

Горан Наумовски

Објавени се конечните резултати од изборите во Подгорица

Младите Македонци и Црногорци најдоцна се осамостојуваат од своите родители

Горан Наумовски

Со нож нападнал невропсихијатар во Црна Гора затоа што не му издал дозвола за оружје

Силно невреме ја погоди Црна Гора: Поплавен е дел од Јадранската магистрала