Косовската претседателка, Вјоса Османи изави дека институциите на Косово имаат постојана координација со меѓународната заедница за целата територија на државата, а „не само за одредена територија“, јави дописникот на МИА од Приштина.
На денешната церемонија во касарната „Адем Јашари“ во Приштина, по повод одбележувањето на Денот на Безбедносните сили на Косово (ФСК), Османи порача дека на координацијата на Косово со НАТО „не треба да се гледа како како на нешто негативно“.
– Документите кои се однесуваат на одредени делови на територијата имаат важност само тогаш кога се ратификуваат од Собранието. Досега сум имала неколку средби со генералниот секртетар на НАТО, Јенс Столтенберг и нормално дека разговараме за интеракцијата со НАТО и нашата координација со НАТО е за целата неделива и неповредлив територија на Косово. Не треба да се гледа како како на нешто негативно на координацијата со НАТО, изјави Османи.
Таа додаде дека ФСК покажале голем успех во својата трансформација во војска на Косово, додека целта на државата е зачленување во НАТО.
– ФСК ја продолжуваат многу успешно транзицијата и секако дејствуваат имајќи предвид дека наша стратешка ориентација како држава е зачленувањето во НАТО, таму каде што ни е местото, затоа што нашите војници веќе придонесуваат во мисии надвор од земјата, рамо до рамо со американската восјка, а наскоро и покрај војската на Обединетото Кралство, рече Османи.
Извор: МИА