(ВИДЕО) Филмско апсење во Белград: Пронајдени 100 килограми кокаин

Од:

Во голема полициска акција уапсени се државјани на Србија и БиХ за кои се верува дека се дел од добро организирана криминална група која шверцувала 100 килограми кокаин. Вредноста на запленетиот кокаин се проценува на повеќе од 10 милиони евра.

Видеото од акцијата го објави Министерството за внатрешни работи на Србија, а акцијата се одвива во исто време во Холандија, Белгија, Луксембург и Србија.

Во Холандија се уапсени членови на организирана криминална група, српските државјани 28-годишниот Д.Р. и 48-годишниот Д.П., кај кои било пронајдено оружје и одредена сума пари за кои постои сомнение дека е резултат на кривично дело, додека во Белгија и Луксембург српските државјани 36-годишниот С.К., 32-годишниот Ѓ.Д., 33-годишниот Ј.В., едно непознато лице, како и државјанин на БиХ, 42-годишниот С.Ѓ., известуваат српските медиуми.

Се сомневаат дека се членови на група која соработува со кавачкиот клан.

Во реонот на Белград е уапсен српскиот државјанин 29-годишниот В.В., кому му е одредена мерка притвор од 48 часа, кој со кривична пријава ќе биде изведен во надлежното обвинителство. Дрогата е запленета во Арлон, на југоистокот на Белгија, при претрес на магацин.

Осомничените се обиделе да го сокријат кокаинот во бетонски плочи за полесен извоз.

Би можело да ве интересира

Македонски автобус заглави во снегот во Србија, се излизга и удри во банкина

Катерина Ѓуровски

Земјотрес ја погоди Босна и Херцеговина

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

11 уапсени за трагедијата во Нови Сад, приведен и Горан Весиќ

Катерина Ѓуровски

Во Србија уапсен двојниот убиец од Црна Гора: „Фатен е на спиење“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Србија снегот направи големи проблеми: „Прст пред око не се гледа“