Јенс Столтенберг, генералниот секретар на НАТО, вети дека овој воен сојуз ќе биде со Украина „колку што е потребно“.
Говорејќи во пресрет на министерскиот состанок во Букурешт, тој рече дека Путин не е во состојба да го постигне тоа што го сака во Украина и затоа станува се побрутален.
„Бранови ракетни напади врз градовите и цивилната инфраструктура. Лишување на Украинците од греење, светлина и храна. Ова е ужасен почеток на зимата за Украина“, вели тој.
Столтенберг додаде дека иако „сите ја плаќаме цената“ за рускиот напад врз Украина, нашата цена се парите – додека „Украинците плаќаат крвно“. „Ако дозволиме Путин да победи, сите ние ќе плаќаме многу повисока цена уште многу години“, додаде тој.
„Ако Путин и другите авторитарни лидери видат дека силата е наградена, тие повторно ќе употребат сила за да ги постигнат своите цели“, рече Столтенбер.
„Тоа би го направил нашиот свет поопасен и сите нас поранливи. Затоа, во наш безбедносен интерес е да ја поддржиме Украина“, истакна шефот на НАТО.
Столтенберг додаде дека „најдобар начин да се зголемат изгледите за мирно решение“ на војната е „да се поддржи Украина“. „Значи, НАТО ќе продолжи да стои покрај Украина се додека е потребно. Ние нема да отстапиме“, рече тој.