Зеленски јавно го критикуваше Кличко за прв пат од почетокот на војната: „Не ја заврши работата добро“

Од:

Во ретко јавно несогласување меѓу украинските лидери, претседателот Володимир Зеленски го критикуваше градоначалникот на Киев дека не ја завршил добро работата организирајќи засолништа за да им помогне на граѓаните кои останале без струја и вода поради руските напади.

Како резултат на руските ракетни напади врз енергетската инфраструктура, властите отворија илјадници т.н „непобедливи“ центри во кои луѓето можат да се стоплат, да добијат вода, интернет и телефон.

„Имаше особено многу поплаки во Киев“

Зеленски во вчерашното вечерно обраќање сугерираше дека градоначалникот Виталиј Кличко и неговите соработници не направиле доволно.

„За жал, локалните власти не завршија добро во сите градови. Во Киев имаше особено многу поплаки… Најблаго кажано, треба да се работи повеќе“, рече претседателот.

„Ве молиме, обрнете внимание, на луѓето во Киев им треба поголема помош, многумина се без струја 20, 30 часа. Очекуваме квалитетна работа од градоначалникот“, додаде тој.

Зеленски ги критикуваше и оние кои, како што рече, лажеле во официјалните извештаи, но не прецизираше на што конкретно мисли. Досега се отворени повеќе од 4.000 центри.

Ова се необични изјави бидејќи Зеленски се обидуваше да остави впечаток на национално единство од почетокот на војната и обично ги пофалуваше другите функционери.

Кличко, 51-годишен поранешен боксер, беше избран за градоначалник на Киев во 2014 година. Неговата канцеларија сè уште не одговорила.

Би можело да ве интересира

Русите погодиле воз: Министерството соопшти дека имало западна воена опрема

Русите уапсија двајца нивни војници за грозоморни злосторства

Катерина Ѓуровски

Руски шпиони ја бараат рутата по која во Украина стигнува оружје

Катерина Ѓуровски

Американскиот Конгрес одобри помош за Украина

Русија бомбардирала свој град: по грешка погодена Белгородската област

ВИДЕО: Во руски напад урната ТВ кулата во Харков