Либерман: Зад крвавиот напад стои Хезболах

Од:

„Зад нападот стои Хезболах во тесна соработка со иранскиот Корпус на гардистите на исламската револуција“, обвини израелскиот министер за надворешни работи, Авигдор Либерман.

Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху уште вчера за крвавиот напад врз изреалските туристи во Бугарија, го обвини Иран и се закани дека Израел ќе реагира на ударот.

Израелскиот министер за одбрана Ехуд Барак , посочи дека Израел се соочува со светски терористички бран, спонзориран од Иран.

Иран, преку иранската државна телевизија ги отфрла обвинувањата за вмешаност во нападот во Бургас.

Во коментар објавен на Интернет страницата на телевизијата, тврдењата на Нетанјаху и на други израелски претставници за вмешаноста на Иран во нападите се означени како „смешни и сензационалистички“.

Би можело да ве интересира

Ели Шарвит е назначен за нов шеф на Шин Бет

ВИДЕО: Нема мир во Газа ниту на празник, Израел ги продолжува нападите

Катерина Ѓуровски

Израелските воздухопловни сили нападнаа зграда во предградие на Бејрут

Кац: Без мир во северните погранични градови на Израел, нема да има мир во Бејрут

Ракети од Либан се истрелани кон Израел

Галант го повикува Израел да му даде приоритет на враќањето на заложниците