Во Белград приведени десетици мигранти

Од:

Припадниците на полициската бригада на Министерството за внатрешни работи на Србија, во рамки на опсежната акција што претходно започна на северот на земјата, приведоа десетици мигранти кои беа пронајдени на улиците на главниот град и надвор од прифатните центри. Акцијата се одржа во парк во близина на белградскиот Економски факултет, кој често го користат мигрантите како едно од местата за собирање во главниот град на Србија.

Неколку групи мигранти собрани по околните улици беа задржани во паркот, опкружени со триесетина полицајци. Во текот на попладневните часови, мигрантите со автобуси се превезени до прифатните центри во Обреновац, Боговаѓа и Сјеница, каде според неофицијални информации ќе бидат евидентирани сите кои не се веќе во официјална процедура.

Акцијата за масовно апсење започна по вооружениот конфликт меѓу мигрантите во војводинското село Хоргош, во близина на унгарско-српската граница, каде што дваесетгодишен млад човек беше ранет доцна вечерта во четвртокот.

Српската полиција испрати голем број припадници на специјалната полиција во областа, а според досегашните податоци приведени се над 600 лица. При претрес на теренот на барање на мештаните, полицијата на местото на пресметката пронашла шест мигранти, меѓу кои и еден со две прострелни рани.

Радиотелевизијата на Србија (РТС) во врска со ова соопшти дека во тек е голема оперативна акција во која се врши теренска потрага на поширокото подрачје на Хоргош и Суботица, на северот на Војводина.

Српскиот министер за внатрешни работи Братислав Гашиќ во Хоргош изјави дека „во Србија нема нулта толеранција кон секаков вид на криминал“ и дека „безбедноста на секој граѓанин на Србија и неговиот имот ќе бидат заштитени“.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Родителите бараат итно враќање на децата на училиште, почнаа петиција

Вучиќ формира широко народно движење: Toa e стратешка потреба за иднината, сите се добредојдени

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Масновните рации и депортации, Трамп ќе ги почне уште првиот ден: Чикаго прв на удар

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Уапсен возачот кој со автомобил удри студентка во Белград

Луксузниот хотел во Белград ќе се вика Трамп

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Косовската полиција затвори 35 српски институции