Арсовска: „Слобода превоз и Макекспрес наплаќале билети, тие пари не ги пријавувале и ги ставале во џеб

Од:

„Јавноста сепак, мора да ги знае вистинските причини за привидот за наводен „хаос“ во сообраќајот, кој некој со намера го предизвикува, а таа намера денес ќе ја откриеме и разобличиме. Ќе се обидам системот на функционирање да го објаснам во најсимплифицирана форма“ рече денеска на прес-конференција градоначалничката на Град Скопје, Данела Арсовска.

Таа посочи дека „ЈСП Скопје склучува договори со приватните превозници, во случајот „Макекспрес“ и „Слобода Превоз“ врз основа на кој ЈСП има обврска на приватните превозници да им исплаќа по едно евро а сега по зголемување на дериватите по 1,5 евра по извозен километар. Оваа обврска месечно чини околу 24 милиони денари, но, од оваа сума треба да се одбие сумата која приватните превозници ја оствариле од продажба на билети за возење“.

„Приватните превозници, согласно член 5 од нивниот договор, имаат обврска продадените билети да ги потврдат со фискална сметка, и да ги валидираат во интегрираниот систем со ЈСП Скопје. Кога ќе го направат тоа, од вкупната сума која ЈСП Скопје ја должи за извозен километар, се одбива сумата која од продадени билети ја оствариле приватните превозници. Жалам што ќе ги разочарам, но, ниту јас, ниту градот Скопје, ниту ЈСП нема да бидеме сојузници во криминал кој траел од 2017 година“ посочи Арсовска.

Таа потенцира дека „Слобода превоз и Макекспрес наплаќале билети, тие пари не ги пријавувале и ги ставале во џеб, а потоа фактурирале и 400.000 евра од ЈСП Скопје секој месец. Оваа „шема“ трае цели пет години“.

Би можело да ве интересира

Условна казна затвор од две години доби напаѓачот на градоначалничката Данела Арсовска

Арсовска сепак именуваше нов директор на Комунална хигиена

Катерина Ѓуровски

Резервите со нафта се при крај, Управниот одбор на Комунална бара од Арсовска да назначи директор

Катерина Ѓуровски

Арсовска: Господине Мицковски прво да се потсетите што сѐ сте направиле како ВМРО/ВЛЕН и власт во Советот на град Скопје терајќи инает со граѓаните

ВМРО-ДПМНЕ: Нашите советници гласаа за сите одлуки предложени од Арсовска поврзани со Комунална хигиена

Арсовска: Кадрите на Мицкоски се надлежни за Комунална, тие се во Управниот одбор и во Советот на градот