ВИДЕО: Јавноста има право да ги знае листите и на одбиените студенти во студентските домови?

Од:

Пред почетокот на новата академска година, во Студентскиот центар владее хаос заради сместувањето во студентските домови. Не само што домовите не се исчистени, бојадисани, не е извршена дезинфекција/дератизација, туку и леглата се уште не се  распределени, вели Дарко Давитковски, претседател на СДММ.

„За прв пат откако постои сместување на студенти во домовите, годинава не е објавена прелиминарна листа со податоци за бодувањата и основата на добиените бодови. Власта директно објави конечна листа, што само по себе е крајно сомнително, односно ни дава за право да помислиме дека сместувањето во студентските домови ќе биде проследено со низа нерегуларности. Со ваквата нетранспарентна постапка, студентите не можат да имаат увид по кои критериуми освоиле бодови и не можат да се жалат за  евентуалните неправилности да се исправат.

– До сега бевме сведоци на сместување студенти со низок просек. На активисти на владејачката партија, сместување лица од внатрешноста вработени во јавната администрација, кои не плаќаат никаков надоместок за престојот, а од сместување во домовите беа лишени многу студенти со висок просек.

– Што се однесува до вчерашната изјава на премиерот Груевски дека 45% од студентите дале неточни податоци и дека ќе има нова тура примања, произлегува дека Груевски своите изјави ги базира на информации до кои студентите, но и јавноста немаат никаков пристап. Ако се е транспарентно како што тврди Премиерот зошто никаде не се објавени податоци за дури 45% одбиени студенти. Јавноста и студентите имаат право да ги знаат листите на примени и одбиени студенти во студентските домови? Штом премиерот располага со вакви информации, можеби знае колку слободни легла има во апартманите на 7-от спрат во студентскиот дом Кузман Јосифовски Питу и дали во досегашните години 45% од леглата биле нелегално распределени?

– Министерот Спиро Ристовски да не ја замајува јавноста со паушални изјави во кои ги повикува управителите на домовите коректно да ги распределуваат леглата. Добро познато е дека распределбата се врши преку Комисија на министерството, која ја именува лично министерот за образование.

Затоа, го повикуваме министерот Ристовски да прекине со обидите да се амнестира од одговорноста и изборот на студентите кои имаат потреба од легло конечно да го направи во транспарентна постапка“, изјави Дарко Давитковски, претседател на СДММ.

Би можело да ве интересира

Реакција на Ѓорѓиевски: Повторно гледаме обид сериозна здравствена тема да се претвори во дневнополитичка пресметка

ВМРО-ДПМНЕ: Ние работиме, СДСМ се дави во сопствениот хаос и лаги

Горан Наумовски

СДСМ: Гостивар не заборава – додека граѓаните се труеја, Мицкоски славеше

Горан Наумовски

СДСМ: Додека луѓе умираат од западнонилска треска – во Драчево организираат кино на отворено

СДСМ: Бомба поради 300.000 евра провизија, ВМРО-ДПМНЕ: Не е кај полицаецот, туку кај татко му

(ВИДЕО) Петрушевски: Талогот од СДС остана без политика, па измислува кризи, фактите ја рушат нивната паника

Горан Наумовски