Шефот на италијанската дипломатија Ема Бонино предупреди денеска дека воената интервенција во Сирија би можела да стане глобален судир.
– Наместо драматичен и ужасен судир, се соочуваме со опасност од судир со глобални размери. Секогаш така почнува, со ограничени удари и без мандат на ОН. Јасно е дека Сирија ќе реагира, изјави Бонино во интервју за Скај Т-Џи-24.
Бонино смета дека дипломатските и политички притисоци се единствено решение за сириската криза иако се чини дека тоа според неа, е спор, тежок и неизвесен пат.