Европската унија го подготвува деветтиот пакет санкции против Русија како одговор на безмилосните руски напади врз Украина, изјави денеска претседателката на Европската комисија, Урсула фон дер Лајен, за време на нејзината посета на Финска.
„Работиме напорно да ја погодиме Русија онаму каде што боли, со цел дополнително да го ослаби нејзиниот капацитет да води војна против Украина. Затоа можам да објавам денес дека работиме со полна брзина на деветтиот пакет санкции“, рече Фон дер Лајен на прес-конференција.
Таа најави и глобално ограничување на цената на руската нафта
„Покрај тоа, сигурна сум дека многу брзо ќе можеме да одобриме глобално ограничување на цената на руската нафта заедно со членовите на групата Г7 и другите големи партнери. Нема да мируваме додека Украина не го надмине Путин и неговата незаконска и варварска војна“, изјави шефот на Европската комисија.