18 годишно момче од Тајван влегло во интернет кафе и останало таму речиси два дена, играјќи ја компјутерската игра „Diablo III “.
По 40 часа седење и играње, момчето станало, направило неколку чекори и паднало. Веднаш бил пренесен во најблиската болница, но таму само била констатирана смртта. Според лекарите, причина за смртта е проблем со кардиоваскуларниот систем поради долгото седење на едно место.
Од компанијата Blizzard, која ја разви играта Diablo III, изразија сочуство до семејството. Апелираат до гејмерите „да не ја злоупотребуваат играта и забавата“.
Играта излезе во продажба на 15-ти мај, а за само еден ден беа продадени 3,5 милиони примероци. Првата недела продажбата достигна 6,3 милиони копии.
Предупредување до родителите: Внимавајте на вашите деца, и компјутерските игри, можат да бидат „смртоносни“!