Нехамер: Австрија го поддржува влезот на Хрватска во шенген зоната

Од:

Австрија ќе го поддржи членството на Хрватска во шенген зоната, изјави денеска во Загреб австрискиот канцелар Карл Нехамер, откако неговиот министер за внатрешни работи претходно се спротивстави на проширувањето на шенген зонатаи изрази загриженост дека Виена ќе го блокира пристапот на Хрватска од првиот ден на следната година.

– За трите земји ќе се гласа поединечно и само Бугарија и Романија можат да се плашат од австриското вето, изјави Нехамер по средбата со хрватскиот премиер Андреј Пленковиќ.

– Ќе го поддржиме пристапот на Хрватска во шенген зоната, но ќе бидеме критични кон напорите на Бугарија и Романија, додаде канцеларот.

Нехамер посочи и дека во Австрија забележан е влез на околу 100.000 мигранти, од кои 75.000 претходно не биле регистрирани во ниту една земја-членка на ЕУ. Тој посочи голем број илегални мигранти влегле преку Романија и Бугарија.

– Австрија денес се соочува со голем предизвик. Ние сме под огромен притисок поради илегалната миграција, а не ја штитиме надворешната граница на ЕУ, предупреди Нехамер.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Снег паѓа во северозападна Хрватска

Пленковиќ: Претседателските избори на 29 декември

А1он

ВИДЕО: Брод удри во гребен кај хрватски остров, мештаните ги спасуваа патниците

Предраг Петровиќ

Полицијата утрово врши претрес во домот на министерот за здравство на Хрватска

А1он

Хрватска набавува борбени дронови на Бајрактар: Вредноста на зделката е 95 милиони евра

Министерот за одбрана на Хрватска потврди: Набавуваме Бајрактар

Предраг Петровиќ