Османи во Барселона, утре се гласа за членство на С. Македонија во Унијата за Медитеранот

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи, на покана на заменик премиерот и министер за надворешни работи Кралството Јордан Ајман Сафади, министерот за надворешни работи, Европска Унија и соработка на Кралството Шпанија, Хозе Мануел Албарес и високиот претставник и потпретседател на Европската комисја Жозеф Борел, денес и утре ќе учествува на Седмиот регионален форум на Унијата за Медитеранот што ќе се одржи во Барселона, Шпанија.

На предметниот состанок на министрите за надворешни работи од 42 земји членки на Унијата за Медитеранот, министерот Османи ќе присуствува на свечениот чин на пристапување на Република Северна Македонија во Унијата за Медитеранот и последователно ќе земе активно учество како претставник на новата земја-членка, известуваат од МНР.

На маргините на Форумот министерот за надворешни работи Османи ќе се сретне со домаќинот, министерот за надворешни работи, Европска Унија и соработка на Кралството Шпанија, Хозе Мануел Албарес, а ќе оствари и други билатерални средби со свои колеги од земјите – членки во Унијата на Медитеранот.

Унијата за Медитеранот, формирана на првиот и инаугуративен Самит на претседатели на држави на Евро – Медитеранот, одржан во Париз на 13 јули 2008 година, претставува рамка за уредување на мултилатералните односи помеѓу ЕУ и медитеранските земји кои не се дел од ЕУ, се додава во соопштението на МНР.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија