Британски Гардијан и британската Влада се договорија да им дозволат на специјалните служби да анализираат до октомври документи на весникот одземени претходно заради аферата Сноуден.
Договорот беше објавен по судски искази, откако Дејвид Миранда, партнерот на новинарот од весникот Глен Гријноулд не успеа да ја осуди полицијата да не пребарува по материјалите кои од него ги конфискуваа на аеродромот Хитроу.
Гријноулд е новинарот на кого Едвард Сноуден му ги довери тајните материјали од Агенцијата за национална безбедност на САД односно тајните програми за следење на комуникациите.
Претходно, Судот ги овласти специјалните служби да ги проучат документите до 30 август. Сега Миранда презел прагматичен потег и се согласил анализата да продолжи до октомври.