Тревога во Киев по голем број експлозии: Прекини на струја и во Молдавија

Од:

Повеќе експлозии се слушнаа денеска во Киев, каде се огласија сирените за воздушен напад.

„Погоден е еден од инфраструктурните објекти во главниот град. „Останете во засолништа! Воздушната тревога продолжува“, напиша на Телеграм градоначалникот Виталиј Кличко.

Кличко не даде повеќе детали.

Едно лице загинало кога била погодена двокатна зграда во главниот град на Украина. Има и еден ранет.

Во последниве недели, Русија често го гранатираше украинскиот главен град, како и енергетските капацитети низ целата земја, што доведе до прекини на електрична енергија на многу места.

Исто така, градот Лавов, во западна Украина, е без струја по руските напади, соопштија локалните власти. Прекини на струја се забележани и во соседна Молдавија.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Зеленски: На повидок е крајот на војната

Путин потпиша нов закон, простени долгови секому што ќе се пријави да оди во војна

ВИДЕО: Каква е руската хиперсоничната ракета „Орешник“ и колку е опасна

ВИДЕО: Украина загуби над 40 отсто од територија во Курск, Русите напредуваат во Донецк

Трамп размислува да го именува Ричард Гренел за специјален пратеник за руско-украинскиот конфликт

Орбан: Сфатете ги сериозно нуклеарните закани на Путин, не е блеф

Предраг Петровиќ