ТЕЦ Неготино има мазут само за 20 дена, а не за до април како што ветуваше Васко Ковачевски

Од:

Министерот за економија Крешник Бектеши соопшти дека ТЕЦ Неготино нема да се стартува затоа што во моментов цената на струјата која се увезува е поевтина отколку цената на струјата која би се произведувала во ТЕЦ Неготино затоа што треба да се набави мазут.

Тој не објасни зошто домашното производство би било поскапо од увезената струја, а не објасни ниту советникот за енергетика на премиерот Ковачевски, Виктор Андонов.

На прашањето на „А1он“ зошто домашното производство на струја со помош на мазут кој треба да го има во доволно количини би било поскапо, Андонов одговори:

– Еден од главните фактори кои влијае врз цената на производствената струја на ТЕЦ е увозот на мазут и имајќи предвид дека увозот на струја започна пред три недели, може да се види дека во тој период цената на берзите се движеше од 150 до 200 евра за мегават-час и тоа беше период кој се искористи да се направат потребните сервисни активности и согласно најавите овие активности да завршат до крајот на ноември. Се очекува оваа електрана да биде ставена во функција од декември – истакна тој.

На прашањето на „А1он“ зошто треба да се набавува мазут за ТЕЦ Неготино повторно сега кога уште во месец август Владата и ЕСМ најавија дека почнале да се набавуваат залихи на мазут, Андонов кусо рече дека ТЕЦ има залихи да работи непрекинато 20 денови.

– Што се однесува до залихите на мазут, тие се некаде одоколу 20.000 тони, или пластично објаснто, ТЕЦ има залихи да работи непрекинато околу 20 денови. Дополнително секојдневно се доставуваат количини мазут.

Состојбата со ТЕЦ Неготино која ја прикажаа Бектеши и Андонов е сосема различна од сликата која ја прикажа директорот на ЕСМ, Васко Ковачевски кон крајот на јули кога пред новинарите рече дека во тој момент се набавува и мазут за рестартирање на ТЕЦ Неготино.

Според најавите на првиот човек на ЕСМ, требаше да се набават околу 180 до 200 илјади тони мазут кои треба да бидат доволни за периодот од ноември до април.

Би можело да ве интересира

Поевтинува мазутот, цените на бензините и на дизелот не се менуваат

Поевтинува мазутот

Поскапува мазутот, цените на бензините и дизелот не се менуваат

Поевтинува мазутот, цената на другите горива останува иста

ТЕЦ Неготино се спојува со ЕСМ за поисплатливо производство: Власта тврди дека нема да ги продаде

A1on

ЕСМ нема да се продава додека ДУИ е на власт, вели Бектеши за спојувањето на ТЕЦ Неготино и АД Електрани

A1on