Папата Франциск денеска изјави дека Украинците се „маченици на агресијата“ и оваа војна на нивна територија ја спореди со „страшниот геноцид“ од 1930-тите, кога поранешниот советски лидер Јосиф Сталин „ги принудуваше луѓето да гладуваат“.
Поглаварот на Римокатоличката црква ова го кажа на крајот од проповедта, што ја одржа пред неколку илјади луѓе собрани на плоштадот Свети Петар во Ватикан, пренесуваат британските медиуми.
Папата Франциск минатата недела повтори дека Ватикан е подготвен да посредува меѓу двете страни и да направи се што е можно за да се стави крај на конфликтот меѓу Русија и Украина.
Извор: МИА