Сопругите и мајките на руските војници бесни на Путин: „Владимир Владимирович, кукавицо“

Од:

Совет на жени и мајки е организација на жени чии членови на семејството служат во руската армија. Нејзините лидери биле изненадени кога слушнале за планираната средба на претседателот Путин со неколку мајки на војници, на која ниту една не била поканета, пишува независниот портал Медуза.

Претседателката на Советот, Олга Цуканова, објави видео во кое инсистира Путин да се сретне со „вистински мајки“, наспроти жени кои биле „лично избрани“ од бирократите во Кремљ за таа пригода.

„Владимир Владимирович, дали си маж или што? Кукавица, имаш ли храброст да нè погледнеш во очи – отворено, во лицето на жените кои не се избрани за тебе. Жени кои не ти се во џеб, туку вистински мајки кои патувале на свој трошок овде од различни градови за да дојдат.

Ние сме тука, во Москва и подготвени сме да се сретнеме со вас. Го очекуваме вашиот одговор! Уште ли ќе се криете од нас? Имаме луѓе во Министерството за одбрана, во канцеларијата на воениот обвинител, во претседателската администрација – сите тие се мажи, вклучително и претседателот. А мајките се на другата страна. Па, дали сите ќе излезете на некој дијалог – или само ќе се скриете?“, објави таа.

Вчера, повикувајќи се на извори од Кремљ, рускиот весник Ведомости објави дека Путин ќе се сретне со група мајки на војници кои се борат во Украина. Еден од изворите рече дека Путин планира да разговара за борбените операции. Запрашан да ја потврди оваа информација, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков го потврди извештајот.

Би можело да ве интересира

Голем руски напад на енергетскиот систем во Украина

ВИДЕО: Спречен обид за атентат на Зеленски

ВИДЕО: Путин положи заклетва за петтиот претседателски мандат

Катерина Ѓуровски

Уште шест години на власт, денеска инагурација на Путин

Франција испраќа амбасадор на инаугурацијата на Путин

Русите испраќаат „страшно“ оружје: Нема спас од него

Предраг Петровиќ