Украина: Русија почна тајно да ги мобилизира жителите на Крим

Од:

Главниот штаб на вооружените сили на Украина во понеделникот објави дека „се во тек тајни мерки за мобилизација во редовите на руските окупациски сили“ на полуостровот Крим. Истовремено, Москва тоа го негира и тврди дека во моментов не се планира регрутирање.

Украинските воени претставници тврдат дека во саботата се одржал специјален состанок во Симферопол, вториот по големина град на Крим, каде што „главното прашање било неисполнувањето на квантитативните показатели на мобилизацијата“.

Запрашан дали Кремљ размислува за втор бран на мобилизација, портпаролот на Кремљ Дмитриј Песков им рече на новинарите дека „не станува збор за тоа“, како што јави руската државна новинска агенција ТАСС. Сепак, тој додаде дека не може „да зборува во име на Министерството за одбрана“.

Првата руска мобилизација, која Кремљ ја нарече „делумна“, регрутираше околу 300.000 луѓе и се сметаше за голема ескалација во војната и доказ за катастрофални руски загуби на бојното поле. Американскиот Институт за војна (ИСВ), во анализата на конфликтот во петокот рече дека е веројатна втора мобилизација, повикувајќи се на нацрт на нов повик, наводно, добиен од жител на Санкт Петербург, кој кружи на социјалните мрежи.

„Уште еден бран на мобилизација во наредните месеци само ќе ја влоши ситуацијата и веројатно ќе го деградира севкупниот квалитет на руските трупи кои ќе бидат распоредени на линијата на фронтот во Украина“, се вели во дневниот извештај.

Би можело да ве интересира

Медиуми: Севернокорејски генерал е ранет во неодамнешниот украински ракетен напад

Горан Наумовски

Украина денеска го затвори својот парламент од безбедносни причини

Горан Наумовски

Две лица загинаа во Суми, 12 се повредени

Рускиот амбасадор во Лондон ја обвини Британија за вмешаност во војната во Украина

Горан Наумовски

Валериј Залужни: Третата светска војна започна оваа година

Горан Наумовски

Путин: Ја погодивме Украина со нова ракета со среден дострел

Горан Наумовски