Стоилковски: Железницата во кома, 10 милиони денари годишно за директорите

Од:

Македонски железници, акционерско друштво во државна сопственост, е дел од колачот за делење на менаџерски позиции и за високи директорски плати. Македонски железници има седум директорски позиции со плати над 70 илјади денари, без додатоци. Сите седуммина се членови на Управниот одбор на Железници рече на прес конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Наум Стоилковски.

– Саша Јовановски, директор на патнички сообраќај член на Управен одбор на МЖ транспорт АД – Скопје, со плата над 70.000 денари. Милчо Смилевски, директор на товарен сообраќај и член на Управниот одбор на МЖ, со плата над 72.000 денари. Брахим Ајваз, директор на маркетинг и продажба и член на Управен одбор на Железници, плата над 72.000 денари. Сашко Ангеловски, директор за влеча и одржување на возни средства и член на Управен одбор на Железници, плата над 70.000 денари. Шенур Османи, директор за финансиски и економски работи и член на УО на Железници, плата над 70.000 денари. Местото директор за правни работи и човечки ресурси и секако член на УО, во моментов е испразнето, а е позиција, со плата над 70.000 денари. И секако на крај, Мајан Вејсели, Генерален Директор и Претседател на Управниот Одбор на Железници, соплата околу 75.000 денари рече Стоилковски.

Столковски вечи декап окрај седумте директори биле ангажирани советни за кои исто така се одлевале пари.

– Железничкиот сообраќај е во кома, ама месечно за плати на директорите и нивните советници има и се двојат над 800.000 денари! Десет милиони денари годишно земаат директорите и нивните советници за работниците да немаат плата, а за линијата Битола – Скопје да се вози и да се чека воз над 10 часа, ако воопшто стигне возот рече Стоилковски.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: СДС е тешко да сфати, но кога последен пат бил уапсен член на обезбедувањето на премиерот, нема милост за криминогените

Катерина Ѓуровски

Кузеска: Една фирма добила тендери вредни 4,5 милиони евра од Аеродром, Кисела Вода, Неготино и Министерството за спорт

Стојаноски: СДС и ДУИ, заедно со нивните судии и обвинители се во акција за заштита на мазут мафијата

Катерина Ѓуровски

СДСМ: За девет месеци општините на ВМРО-ДПМНЕ склучиле 170 тендери со Пуцко Петрол

Катерина Ѓуровски

Сајкоски: Интерпелациите на пет членови на Судскиот совет се клучен момент во борбата за владеење на правото и довербата во институциите

Катерина Ѓуровски

Трендафилов: Партијата на власт планира да ми ја скине главата

Катерина Ѓуровски