Полицијата во регионот Марке му влегла во трага на возачот на автомобилот кој во саботата по несреќата одвлекол 81-годишна жена на осум километри до крајбрежниот град Сенигалија, каде што нејзиното осакатено тело било пронајдено покрај патот. Старица од градот Марзоко, која го шетала своето куче, прво била удрена од комбе, чиј возач застанал да и помогне.
Но во тој момент таа била „закачена“ и влечена од друго возило. Агенцијата Анса пишува дека врнел силен дожд, а видливоста била исклучително слаба. Обвинителите во Анкона отворија истрага за убиство со возило.