Лионел Меси ги разувери сите аргентински фудбалски фанови дека е во добра физичка форма пред утрешното отварање на Светското првенство за Аргентина против Саудиска Арабија по сите шпекулации дека е повреден. Пред најверојатно последниот петти настап на едно Светско првенство, повеќе аргентински медиуми објавија дека Меси има повреда на скочниот зглоб, но Меси вели дека е целосно подготвен.
„Немам никакви проблеми. Слушнав дека има шпекулации дека морав да пропуштам дел од тренинзите, но се работеше само за претпазливост. Ништо чудно и ништо невообичаено. Не сум направил ништо поинаку, само се грижев за мојата форма. Работев како што работам цела кариера. Ова е посебн момеент, најверојатно мое последно Светск првенство, последна шанса сонот да стане реалност“, изјави Меси.
Очекувањата од тимот на Лионел Скалони се огромни, посебно бидејќи тие се актуелни шампиони од Копа Америка и имаат серија од 35 меча без пораз. Меси вели дека го знае тоа.
„Само што освоивм голем турнир и секако, тоа помогна да размислуваме на поинаков начин. Веќе не се чувствуваме толку нервозни, нема толку притисок како претходно бидејќи се докажавме. Сега е време да се фокусираме на мечевите и да уживаме во моментов“, вели Меси.