Украина почнува евакуација на цивилите од Херсон и Миколаев

Од:

Украина ќе ги евакуира цивилите од неодамна ослободените области во регионите Херсон и Миколаев. Украинските власти стравуваат дека штетите на инфраструктурните објекти се толку големи што на цивилите би можело да им биде тешко да ја преживеат зимата, пренесува Sky News.

Украинските власти ги советуваа жителите на двата јужни региони, кои беа под силни ракетни и напади со дронови во последните месеци, да се евакуираат во побезбедни области во централна и западна Украина, изјави денеска украинската вицепремиерка Ирина Верешчук.

Властите ќе обезбедат превоз, сместување и здравствена заштита на цивилите кои ќе одлучат да се евакуираат, додаде таа. Евакуацијата беше најавена нешто повеќе од една недела откако Украина го ослободи градот Херсон, кој се уште се наоѓа во близина на линијата на фронтот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Ако не ја завршиме војната за неколку дена, САД се повлекува, порача Марко Рубио

ВИДЕО: Трамп го нервираат и Зеленски и Путин, од Москва итно очекува одговор за крај на војната

(ВИДЕО) Зеленски почна голема одмазда: гори Курск

(ВИДЕО) Зеленски: Ова можеше да го направи само целосно пореметено ѓубре

Катерина Ѓуровски

Жестоки реакции за рускиот напад на Суми: „Варварски чин“

ВИДЕО: Снимен моментот на ударот во Суми

Катерина Ѓуровски