Заедно со Жерновски уште 14-мина земаат плата за непочнатиот клинички центар

Од:

Во Проектната единица, која поранешниот министер за здравство Венко Филипче ја формираше првенствено за изградба на новиот клинички центар, освен Андреј Жерновски ангажирани се уште четиринаесет лица, велат од Министерството за здравство за „А1он“. ВМРО-ДПМНЕ минатата недела во рамки на афера со наслов „Паразити“ објави дека Жерновски за работа на клиничкиот центар, кој не се гради, зел 18 илјади евра изминатава година и пол.

„Во Проектна единица појаснуваме дека се ангажирани 14 вработени кои имаат обврска да ги сервисираат сите објекти на јавните здравствени установи во РСМ во поглед на инфраструктура. Андреј Жерновски е ангажиран со договор на дело на позиција координатор на организациски единици во Министерството за здравство за работи во доменот на проектната единица, од април 2021 година. Месечно со договор на дело зема бруто-надомест од 60 илјади денари, од кои една третина одат за придонеси“, изјавија од Кабинетот на министерот за здравство Беким Сали, за „А1он“.

Кабинетот на Сали не одговори на прашањата на кои проекти конкретно работела проектната единица што ја координирал Жерновски од формирањето до денес, а не посочија ниту колку пари од буџетот на Министерството за здравство се одвоени за платите на сите ангажирани лица.

Жерновски преку медиумите ги демантираше тврдењата на ВМРО-ДПМНЕ и укажа дека не зел плата од Министерството за здравство туку дека бил ангажиран со договор на дело и дека не е ангажиран за новиот клинички центар ниту за болницата во Штип туку дека има ангажман во Министерството за здравство.

Би можело да ве интересира

Велика Британија финансиски ќе ја помогне изградбата на новиот Клинички центар

Катерина Ѓуровски

ВМРО-ДПМНЕ: Ризикот за плаќање на милионски отштети кон странски фирми во арбитражни постапки е заради неспособноста и криминогеноста на СДС

Николов: Оваа Влада има пари за пенали и за непостоечки функции, ама нема за лекување на граѓаните

Катерина Ѓуровски

Скен: Тепачка кој да ги троши парите – 13 години чекаме нов клинички и никако да го дочекаме

Анита Петровска Рајковиќ

Министерот Сали за клинички кај касарната „Илинден“: Граѓаните ќе изгубат доколку почнеме процедура за нова локација

СДСМ: Ниту една лага од белиот дворец не може да го покрие фактот дека Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ се против здравјето на граѓаните