Мигрант починал од струен удар

Од:

Синоќа во 19.06 часот во полициското одделение Петровец било пријавено дека при преглед на товарен воз на Железничката станица Илинден, кој сообраќал на релација Гевгелија-Табановце, од страна на полициски службеници, во еден момент се чул силен звук проследен со јака светлина.

Откако била исклучена струјата било забележано починато лице, најверојатно мигрант кој немал документи за идентификацја, а кој кога сакал да се симне го допрел струјниот вод.

Смрт констатирал лекар од итна медицинска помош, а по наредба на Јавен обвинител телото на починатиот било дадено на обдукција. Бил извршен увид на местото на настанот, соопшти полицијата.

Би можело да ве интересира

Норвешка: Воз излета од шините, најмалку едно лице загина

Дачиќ: Пронајдена единаесеттата жртва од трагедијата на Дрина

(ВИДЕО) Воз излета од шините кај Волгоград, 100 патници се повредени

Воз прегази скопјанец кај булеварот „Србија“

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Во Русија: Воз со 232 луѓе излета од шините, многумина се повредени

Полициска акција во Германија, патник во воз носи експлозив

А1он