Лидерот на Хонг Конг, Џон Ли, е позитивен на коронавирус, по четиридневното учество на Азиско-пацифичкиот економски форум (АПЕК) во Тајланд.
За време на самитот Ли меѓу другите се сретна и со кинескиот претседател Си Џинпинг, соопшти денеска владата на Хонг Конг.
Ли беше позитивен на коронавирусот по неговото враќање во Хонг Конг, а по состанокот зад затворени врати со Си на кој двајцата не носеа маски.
Британските медиуми јавуваат дека за време на изолацијата Ли ќе работи од дома, а состаноци ќе одржува преку видео врска.
Други функционери од Хонг Конг, кои беа со него на Самитот во Тајланд, се негативни на тестот за коронавирус, се наведува во соопштението на владата.
На самитот на АПЕК во Тајланд , Ли го промовираше имиџот на Хонг Конг за град што повторно се отвори, откако беше под строги карантински мерки во поголем дел од пандемијата со Ковид-19.
Извор: МИА