ВМРО-ДПМНЕ: Дарко Каевски да објасни како на 30 години стекнал стан и 4.000.000 денари на сметка

Од:

„Наместо да збори за ланскиот снег, и за работи пред 10 години, нека објасни како е можно сега денес да земаат плата функционери чии имиња не се ни знаат и никој не знае што сработиле“, реагира ВМРО-ДПМНЕ на прес-конференцијата на Дарко Каевски од СДСМ.

„Дарко Каевски е паразит, да објасни како на 30 години стекнал стан и 4.000.000 денари на сметка.

Како со пратеничка плата се стекнуваат 62м2 стан и 4.000.000 денари на сметка, и тоа само со пратеничка плата и плата како директор на АМС за нецел мандат.

Додека Каевски трупал имот фирмата на таткото на Дарко Каевски, Гео Каевски, од државни институции наплатила 19.394.084 денари од тендери, кои ги земала од 2018 година до денес, тоа се над 315.000 евра. И сето ова се случува додека Каевски е директор во централната власт и пратеник во Собранието.

Каевски и татко му се паразити на општество, кои немаат никаков придонес и треба да ги вратат парите“, се додава во реакцијата на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ

Партиите повикаа СДСМ да се врати во процесот за Изборниот законик, Шасивари ќе бара средба со Филипче

Петрушевски: Филипче и СДСМ да не бараат виновници за нивниот циркус

Манасиевски: Правосудството треба да биде бастион на правдата, а не бастион на СДС и ДУИ

Лефков: СДС и Филипче знаат само за марихуана економија во Македонија, а ВМРО-ДПМНЕ развива индустрија со дата центри кои се иднина

Венко е сосема одлепен од реалноста, јасен му е епилогот на изборите, затоа и бега од соочување со граѓаните, реагира ВМРО-ДПМНЕ