Нетанјаху се соочува со проблеми во напорите да формира влада на Израел

Од:

Напорите на лидерот на Ликуд, Бенјамин Нетанјаху за брзо формирање влада не одат според планот, бидејќи потенцијалниот коалициски партнер од екстремната десница ја побара функцијата министер за одбрана.

Пратениците од Верската ционистичка партија бараат од лидерот на партијата Безалел Смотрич да биде министер за одбрана со цел да влијае на политиката на Западниот Брег, јавија светските агенции.

– Имаше недоразбирања и несогласувања за Смотрич. Се надевам дека тоа ќе биде решено наскоро, изјави пратеникот на Ликуд Мики Зохар за Радио Кан, додавајќи дека одбраната е најважниот ресор за Ликуд.

Пратеничката на Верската ционистичка партија, Орит Штрок, рече дека нејзината партија ќе го прифати и ресорот финансии, но не и што било што нема да и дозволи да има вистинско влијание врз развојот на населбите на Западниот Брег.

– Нетанјаху не нè третира како партнери, туку како вишок багаж, изјави Строк за Радио Кан.

И функцијата министер за финансии може да биде проблематична за Нетанјаху, кој пред изборите изјави дека Ликуд ќе задржи три важни ресори – одбрана, финансии и надворешни работи.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Хамас: САД вршат притисок да го прифатиме договорот со Израел

А1он

Меѓународниот суд на правдата нема да и наложи на Германија да го запре извозот на оружје за Израел

Горан Наумовски

ВИДЕО: Израел ја гранатира Рафа додека почнува новата рунда преговори за примирје

Катерина Ѓуровски

Абас: Израелската армија ќе го нападне Рафах во наредните денови

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 300 тела пронајдени во масовна гробница кај болница во Газа

Израелската полиција уапсила две лица кои со своето возило налетале на тројца пешаци