Османи ја презентираше првата фаза на проектот Е-КОНЗУЛАТ – нов полесен пристап до конзуларните услуги во странство

Од:

Министерот за надворешни работи, Бујар Османи ја презентираше првата фаза на проектот Е-КОНЗУЛАТ, дигитилизирана платформа на конзуларните услуги, со кој значајно се поедноставува процесот на добивање на одреден документ и зголемува ефикасноста на дипломатско-конзуларните претставништва со странство.

„Проектот се подготвува подолго време и произлегува од поплаките, коментарите и сугестиите на нашите државјани во странство и дијаспората. Преку него се овозможува далеку полесен пристап до конзуларните услуги: од барањето за одредена конзуларна услуга, па се до издавањето на документот – се внесува јасна временска и системска предвидливост и се штедат средства“, нагласи Османи.

„Наместо да доаѓаат до нашите дипломатско- конзуларни претставништва и да ги поднесуваат апликациите, сега тоа ќе можат да го сторат преку интернет, преку своите мобилни телефони, а за некои од побараните документи, многу наскоро ќе можат и да ги добијат по пошта назад, со што би се скратиле дури две патувања до нашите претставништва”, додаде министерот.

Целиот процес ќе се одвива електронски, вклучително и добивањето на термин и плаќањето на конзуларната услуга, а меѓу услугите на Е-KOНЗУЛАТ се аплицирање за нов пасош, за патен лист, добивање потврда за државјански статус, потврда од казнена или кривична евиденција, изводи од матични книги, потврда за иста личност, спроводница, уверение за слободна брачна состојба, но и термин за други конзуларни услуги во нашите дипломатско-конзуларни претставништва.

Османи појасни дека со ова почнува првата фаза на проектот и дека истиот ќе се надградува во наредниот период со дополнителни услуги. Проектот е од директна полза на нашите граѓани и дијаспората во странство.

Би можело да ве интересира

МНР: Почнува евакуацијата на македонските државјани од Блискиот Исток со чартер-летови

Горан Наумовски

МНР: Се подготвува евакуација на македонски граѓани од Израел

МНР предвиде 60 милиони денари трошок за евакуација на македонските граѓани од Блискиот Исток

Горан Наумовски

632 македонски државјани побарале информации за евакуација од погодените региони на Блискиот Исток

МНР: 473 македонски државјани контактирале ДКП во Тел Авив, Доха и Абу Даби

МНР: Над 400 сограѓани се заглавени во кризните подрачја, само 30 од нив сакаат да се вратат во Македонија