Син автомобил „голф 3“ утринава околу 7 часот и 37 минути излетал од малиот мост во Рогами во потокот Широлија, неофицијално од Полициската управа велат за црногорски „Вијести“.
Според истите информации, во возилото имало три лица, а од реката е извлечено тело на млада жена.
„Веднаш по пријавувањето од граѓаните, во 7 часот и 37 минути на местото на настанот се испратени Итната медицинска помош, Службата за заштита и спасување, увидна екипа и известена е Дирекцијата за вонредни состојби“, рече истиот соговорник.
Тој додаде дека акцијата е во тек.
Службата за заштита и спасување на главниот град соопшти дека во 07:37 часот добиле пријава дека автомобил слетал во потокот Широлија во местото Рогами.
„При излегување на местото на настанот, констатирано е дека автомобилот потонал и се претпоставува дека во него има неколку лица. Акцијата за спасување е во тек, а припадниците на Службата досега извлекле едно безживотно тело, кое е предадено на надлежната служба. Потрагата продолжува, а по наредба на командирот на Службата, ангажирана е нуркачка единица од Бијела“, соопштија од Службата за заштита и спасување.