Пелеши: Бериша ќе протестира на денот на Самитот на ЕУ во Тирана, дури ни Путин не би направил повеќе

Од:

Не стивнуваат реакциите од владини претставници и високи партиски функционери на албанските владејачки социјалисти по најавата на Сали Бериша за протест на 6 декември, кога во Тирана ќе се одржи Самитот ЕУ-Западен Балкан.

Албанскиот министер за одбрана Нико Пелеши оценува дека тоа е голем срам кој не го заслужува Албанија и оти „оваа сметка Албанија не може да ја плати“.

– Срам што Албанија не го заслужува. Денес, кога на Западен Балкан му е потребна поддршка од ЕУ и САД повеќе од кога било, денес, кога Албанија се истакнува како водечка земја во ориентацијата на регионот кон запад, без геополитички дилеми, денес, кога седиме на преговарачка маса за полноправно членство во ЕУ, денеска, во пресрет на еден незамислив историски настан во однос на силата што ја дава на нашето европско патување – самитот на ЕУ во Тирана, Сали Бериша повикува на протест против ЕУ, на денот на самитот, стои во реакцијата на Пелеши.

Според него „ниту Владимир Путин не би направил вакво нешто доколку ја води албанската опозиција“.

– Ниту Владимир Путин не би направил ништо повеќе од ова доколку ја води албанската опозиција. Еден подарок или стар долг? Како и да е Албанија не може да ја плати оваа сметка. Граѓанскиот однос кон овој срам е сечија должност, во прв ред на здравиот дел од Демократската партија, наведува тој.

И во останатите реакции овој потег на Бериша се оценува како срам за земјата и за Албанците „во чиј дом гостинот е секогаш добредојден“ и никогаш „пријателите не се дочекуваат со врева“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

МАЕИ бара јавно извинување за етикетирање на македонската заедница во Албанија како „Северномакедонци“, од албанската амбасадорка во Софија

Муцај: Сигурен сум дека Македонија ќе најде решение со Бугарија

Албанија – прва земја од Балканот која го забранува ТикТок

А1он

Мицкоски: Граѓаните да не наседнуваат на провокации, упатувам порака за единство и смиреност

Во Албанија уапсен е водач на картел по запленувањето на 703 килограми хероин

Рама: Извештајот за напредокот на Албанија за 2024 година најпозитивен до сега

А1он