Харадинај за АБЦ њуз: Изборите на северот на Косово опасна авантура, не се приклучувам на играта на Курти и Османи

Од:

Поранешниот премиер на Косово, Рамуш Харадинај, ја оценува како избрзана и опасна, одлуката на претседателката Вјоса Османи и премиерот Албин Курти да се одржат избори на северот на Косово.

-Одржувањето избори во оваа ситуација во која се наоѓаме е опасен и страшен преседан. Во овој момент никој нема право да врши притисок врз српските граѓани, рече тој за албанската АБЦ њуз.

Додаде дека партијата што ја предводи, Алијанса за иднината на Косово, нема да учествува на овие избори.

Во врска со француско-германскиот проект вели дека од она што го видел и што е познато „овој документ е за меѓусебно признавање на двете земји Косово и Србија“.

Извор: МИА

Би можело да ве интересира

Нов пограничен инцидент помеѓу Косово и Србија

Османи: Гледаме многу загриженост кај Албанците во Македонија во однос на правата стекнати со Охридскиот договор

УЕФА донесе одлука за прекинатиот натпревар меѓу Романија и Косово

Курти: Косово и Македонија немаат несогласувања, ние сме соседи, пријатели и партнери

Катерина Ѓуровски

Мицкоски пристигна во Косово, во тек меѓувладината седница

Катерина Ѓуровски

Заедничка седница на владите на Северна Македонија и на Косово во Приштина