ВМРО-ДПМНЕ: Јавноста откри тајна хациенда на министерката за одбрана, нека ја донира во хуманитарни цели

Од:

„Народот додека едвај врзува крај со крај, функционерите на власта кријат луксузни имоти. Додека поголемиот број од пензиите не се ниту 1/3 од потрошувачката кошничка, додека две минимални плати не се доволни за да се прехрани едно семејство, Славјанка Петровска крие луксузен имот“, соопшти ВМРО-ДПМНЕ.

„Имено, министерката Петровска во својот Анкетен лист до ДКСК пријавила само долгови, два кредити и една кредитна картичка, но не и луксузна хациенда во Радишани.

Имотот на Петровска е евидентиран и во Агенцијата за Катастар на недвижности, прибележан во евидентен лист во катастарската општина Радишани и се наоѓа на улица „Радишанска“.

Жителите од тој дел на улица „Радишанска“ според избирачкиот список гласаат во избирачкото место 2948/1 кое се наоѓа во ОУ „Ацо Шопов“. Тоа е избирачкото место каде гласа и министерката Петровска. Адресата на луксузната хациенда на Славјанка Петровска е и адреса на живеење која истата ја има во личната карта.

Покрај тоа што не е пријавен како нејзин имот во ДКСК, таа е и дивоградба, односно истата не е легализирана.

ВМРО-ДПМНЕ ги повикува надлежните институции да постапат, а Славјанка Петровска наместо на ВМРО-ДПМНЕ како што вети, оваа луксузна хациенда да ја донира на здруженијата на бранители од 2001 година.

ВМРО-ДПМНЕ исто така ја повикува Славјанка Петровска веднаш да си поднесе оставка. Личност без морална димензија како Петровска не смее да биде на чело на МО и да седи заедно со министрите за одбрана на нашите стратешки сојузници во НАТО“, се наведува во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Би можело да ве интересира

(ВИДЕО) Филипче: Ќе бега ли сега Груевски во Русија, кога ќе има барање за екстрадиција

Левица: ДПМНЕ ја блокира специјалната Анкетна комисија за Кочани, модуларната болница, „Беса транс“ и „Дурмо турс“

Манасиевски: ПР политиките на Башановиќ, ги сместија Филипче и СДС на рејтинг помал од 5%

Манасиевски: Законот важи за сите, нема ВМРО-ДПМНЕ, СДС, и Вице и Зоран Заев ќе одговараат

Кузеска: „Платформа за рушење на СДСМ од внатре“, осмислена од ВМРО

Жерновски вели дека Мицкоски многу лаже, ВМРО-ДПМНЕ го нарече измеќар, неуспешен политичар и дипломат

Катерина Ѓуровски