Јавниот долг заклучно со 31 јули годинава бележи намалување и според објавените податоци на Министерството за финансии изнесува 33,6 проценти од БДП.
Во однос на податоците од вториот кваратал годинава кога изнесуваше 34,2 проценти е намaлен за 0,6 отсто.
Вкупниот долг на централната влада заклучно со 31. јули изнесува 2.607,7 милиони евра.
Надворешниот долг е 1.611 милиони евра, а внатрешниот 1.059 милиони евра.