СДСМ: ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за продолжување на исплата за студентски оброк

Од:

Пратениците од мнозинството предводено од СДСМ денеска во Собранието ги изгласаа дополнувањата на Законот за субвенциониран студентски оброк. Законското решение е согласно договорот постигнат со претставниците на студентските собранија и предвидува субвенциониран студентски оброк да продолжи да се исплатува по старите критериуми до 15.03.2023 година велат од СДСМ.

– Меѓутоа опозициската ВМРО-ДПМНЕ не гласаше за студентски оброк. ВМРО-ДПМНЕ е против интересите на студентите. Тоа е партијата која своевремено ги тепаше и злоупотребуваше студентите за свои партиски цели. За разлика од нив СДСМ го слуша гласот на студентите и работи за подобрување на студентскиот стандард, низ инклузивност и дијалог. Студентските собранија се вклучија во работните групи кои треба да го креираат системското решение за субвенционираниот оброк најдоцна до 15 Март 2023 година. Веќе е организирана дискусија со претставници на студентските собранија, со цел креирање на Акциски план за подобрување на условите во студентските домови се наведува во соопштението од партијата.

Би можело да ве интересира

СДСМ: Народот гледа што договори Муцунски во Софија

СДСМ: Панче Тошковски ја пушти Михаилова, сè се работи под маса откако ВМРО-ОК е на власт

Предраг Петровиќ

Серафимовска-Борозан: Мицкоски ветува просечна плата од 1.000 евра, но не прифаќа минимална од 600 евра

СДСМ: Граѓаните се соочуваат со економски проблеми, а власта се повикува на анкети

Горан Наумовски

(ВИДЕО) Филипче: Антифашизмот е нашиот темел, борбата за слободна и праведна Македонија е наша обврска

А1он

ФФМ под окупација, претворена во партиски штаб на ВМРО – ДПМНЕ, обвинува СДСМ