Трговците на пелети во Царина пријавувале лажни фактури, Бектеши ги повика надлежните веднаш да постапат

Од:

Министерството за економија утврдило при увоз на пелети се доставуваат лажни фактури и затоа трговците на големо и на мало во нашата држава се жалат на цената која од неодамна е замрзната на 27 денари по килограм.

– Цената која е пријавена во Царинска управа за месец октомври е 24 денари по килограм. Ако тие доставиле лажни фактури и направиле договори со производителите во странство, ги повкувам веднаш Управата за јавни приходи и секторот за надзор во Царинската управа веднаш да постапат, да ги контролираат и веднаш да бидат санкционирани – посочи тој.

Министерот Бектеши истакна дека цената на пелети не ја утврдува министерството за економија и таа доаѓа како предлог од страна на Национални шуми и од страна на цените кои тие ги имаат од Царинската управа.

– Ако кај нас се доставува фактура со 24 денари, а тие се жалат дека не можат да продаваат со 27 денари, тогаш тие фактури кои се пријавуваат во Царинската управа, јас одговорно како министер за економија, иако немам надлежност, велам дека се лажни и тоа е кривично дело каде што надлежните органи треба да постапуваат – обвини Бектеши.

Би можело да ве интересира

СДСМ го поднесе истиот предлог за ДДВ за пелети кој пред два дена му го одби на ВМРО-ДПМНЕ

A1on

Царина ги проверува лажните фактури од увоз на пелети, а резултати од истрагата после грејната сезона

A1on

Замрзнати цените на огревното дрво и на пелетите

Во Германија драстично поскапеа огревното дрво и пелетите

А1он

Коциќ: Ја ограничивме маржата на најмногу 10 отсто за дрвата и пелетите за огрев, го штитиме стандардот на граѓаните

Бектеши: Објавени огласите за субвенции за туризмот и за занаетчиството, утре за печки на пелети

Ана Ололовска