На вработените во Твитер им било кажано дека канцелариите на компанијата ќе бидат привремено затворени, пишува Би-би-си. Во меѓувреме, сопственикот на компанијата, Илон Маск, објави пиратско знаме од својот профил, а и мимика со закопан Твитер, па многумина се прашуваат што точно се случува зад сцената на една од најголемите социјални мрежи во светот.
Во пораката, која ја виде Би-Би-Си, се вели дека канцелариите на компанијата ќе бидат привремено затворени и ќе бидат повторно отворени во понеделник. Не беше наведена причината за затворањето.
🏴☠️
— Elon Musk (@elonmusk) November 18, 2022
Исто така, од вработените се бара да се усогласат со политиката на компанијата со тоа што нема да разговараат за доверливи информации на социјалните медиуми или со новинарите.
Како целата ситуација на Твитер да не е доволно чудна, Маск објави пиратско знаме од својот профил без никаков дополнителен коментар. Набргу потоа објави меме во кое алудира на погребување на стариот Твитер.
— Elon Musk (@elonmusk) November 18, 2022
Пред два дена, Индипендент и Вашингтон пост објавија дека на вработените во „Твитер“ им било кажано дека ќе мора да работат долги смени со висок интензитет или да ја напуштат компанијата.